Почетна · Свеќи од восок
Од кошницата
Свеќи од пчелин восок
Објавено
Пчелиниот (пчелен) восок пчелите го создаваат сами, од жлезди на стомакот, и од него го градат саќето. Од истиот восок се леат свеќите.
Од каде доаѓа восокот
Младите пчели работнички испуштаат ситни ливчиња восок од жлезди на долната страна на стомакот, ги омекнуваат со вилиците и од нив го градат саќето. На пчеларот восокот му останува кога ги отсекува капачињата пред точењето на медот и од старото саќе. Тој восок се топи, се цеди и се лее во калапи.
Пчелин восок или парафин
Парафинот се добива од нафта. Пчелиниот восок е природен производ од кошницата и се топи на околу 62 до 64°C. Свеќата од чист пчелин восок е поцврста од парафинската, има боја од светло жолта до темно жолта и при горење мириса благо на мед.
Со време на свеќата може да се појави бел прав или бели дамки. Тоа не е мувла, туку природна појава кај чистиот пчелин восок. Се брише со сува крпа или се затоплува кратко со фен.
Како да ја палиш
Скрати го фитилот на околу пет милиметри пред секое палење. Првиот пат остави ја да гори додека не се стопи целата површина, за да не издлаби тунел во средината. Не ја оставај без надзор и држи ја подалеку од завеси и од деца.
Моите свеќи
Свеќите се од восок од моите кошници и ги продавам на парче. Одат добро и со тегла мед за подарок. Цената ја кажувам на барање.
Извори
Прочитај и: Прополис · Мед за подарок