Почетна · Рекламации
Поддршка
Рекламации и враќање
Ако има проблем со нарачката, јави се што е можно побрзо и ќе го решиме.
Оштетена пратка
Ако теглата пристигне оштетена, не ја примај пратката и веднаш јави ми се. Ако си ја прифатил и дури потоа си забележал, испрати ми фотографија од пратката и краток опис на Вибер, на е-пошта или на Facebook.
Организирам замена или враќање на парите, без дополнителен трошок за тебе.
Погрешна нарачка
Ако си добил погрешна количина или погрешна тежина, јави се и ќе ја провериме нарачката. Ти го праќам она што недостига или ти ја враќам разликата, како што ти одговара.
Кристализиран мед не е рекламација
Кристализацијата е природна појава кај вистинскиот мед и не значи дека производот е расипан. Така се однесува мед што не е загреван.
Ако сакаш повторно да е течен, стави ја затворената тегла во топла вода до 40°C и остави ја додека не омекне. Не ја ставај во микробранова печка и не ја грееј на директен оган, бидејќи топлината ги уништува ензимите.
За проблеми со медот или амбалажата јави се во рок од 48 часа од приемот на пратката. За сè друго, јави се кога сакаш и ќе се договориме.
Како да ме контактираш
- Телефон: 070 279 006 (најбрзо)
- Е-пошта: med.majamed@gmail.com
- Facebook: Маја Мед
Кога се јавуваш, добро е да го имаш при рака бројот на телефон од кој си нарачал и приближниот датум на нарачката, за побрзо да ја најдам.