Почетна · Приватност
Приватност
Политика за приватност
Твоите податоци ги користам само за да ти ја испратам нарачката.
Кои податоци ги собирам
Нарачките се примаат по телефон, на Вибер, на WhatsApp или на Facebook. Кога ќе се јавиш, ги запишувам само податоците што ми се потребни за да ја испратам пратката:
- име и презиме
- телефонски број
- адреса за достава, град и поштенски број
- избраните производи и количина
- забелешка, ако ми кажеш некоја
Плаќањето е само во готово, при испорака, па не собирам никакви податоци за плаќање.
За што ги користам
Исклучиво за потврда на нарачката, подготовка на пратката и достава. Не ги продавам и не ги споделувам за маркетинг од трети страни.
Каде се чуваат
Нарачките ги запишувам јас, рачно. Страницата нема форма за нарачка. Самата страница е хостирана на Cloudflare, кој ја испорачува содржината; тој нема пристап до податоците за нарачките.
Колку долго ги чувам
Податоците од нарачките ги чувам колку што е потребно за евиденција и за евентуални рекламации. Сакаш нарачката да се избрише порано? Јави се и ќе ја избришам.
Колачиња
Без твоја согласност нема колачиња за следење. Ако на страницата се појави прашање за колачиња и притиснеш „Прифаќам“, се вклучува Google Analytics (Google). Тој бележи колку луѓе ја посетуваат страницата, од каде доаѓаат, кои делови ги гледаат и дали кликнале „Јави се“ или „Додај во кошничка“.
Google Analytics поставува колачиња (_ga) и податоците ги обработува Google, делумно надвор од Македонија. Не гледам кој си, само збирни бројки. Кликнеш ли „Одбиј“, ништо од ова не се вчитува. Изборот можеш да го смениш во секое време со врската „Колачиња“ најдолу на страницата.
Кошничката се памети локално во твојот прелистувач и не стигнува до мене сама од себе. Ако притиснеш WhatsApp или Вибер, твојот избор се појавува во пораката, а ти одлучуваш дали ќе ја пратиш. Кошничката се брише кога ќе ја исчистиш меморијата на прелистувачот.
Посетите се бројат и преку Cloudflare Web Analytics, без колачиња и без да те препознава. Гледам само збирни бројки: колку посети, на кои страници и од која земја.
Страницата има и свој бројач, исто без колачиња. Кога ќе отвориш страница, запишува која е, од каде дојде (на пример од Google), од која земја си и дали си на телефон или компјутер. IP адресата не се запишува. За истиот човек да не се брои двапати во еден ден, се чува шифра направена од IP адресата и прелистувачот, а клучот за неа се брише следниот ден, па шифрата потоа не води до никого. Записите се бришат по 13 месеци.
Заради безбедност се чуваат и технички записи за пристапот до страницата (време, IP адреса, земја, прелистувач и внесени податоци), најдолго 60 дена.
Твоите права
Имаш право да прашаш кои податоци ги имам за тебе, да побараш исправка ако нешто е погрешно, и да побараш бришење. Јави се или пиши и ќе одговорам.
Контакт
- Телефон: 070 279 006
- Е-пошта: med.majamed@gmail.com